Македонија
14. July 2017 - 21:54

Во мај пониски продажните цени на производителите на индустриски производи

Во мај годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски за 0,4 проценти на месечно ниво, а повисоки за 3,2 проценти на годишно ниво.

Во мај споредено со април годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот „рударство и вадење камен“ за 0,3 процент, а се пониски во секторот „преработувачка индустрија“ за 0,4 проценти и во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 0,3 проценти.

Во мај годинава во споредба со мај минатата година продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот „рударство и вадење камен“ за 19,2 процента, во „преработувачка индустрија“ за два процента и во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 1,3 проценти.