ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е Заев да зборува за економија и работа
ВМРО-ДПМНЕ денеска со соопштение реагираше на прес-конференцијата на Зоран Заев во кое се посочува дека тој е најмалку кредибилен да зборува за економија и за дела.
- Зоран Заев е човекот без ниту едно дело и проект зад себе. Заев е човекот кој ја приватизираше Струмица и направи тендерска мрежа со фамилијарните фирми и со компаниите на блиските пријатели. Заев е и човекот кој не може да си го изброи и сопственото богатство и богатството на кланот Заеви. Огромно е лицемерието кога ваков човек ќе зборува за плати и пензии и кога наместо за проекти зборува за деструкција, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Уште поголемо лицемерие, се додава во неа, е кога СДСМ поради теснопартиски интереси сака да ја блокира државата и сака пензионерите да ги остави без пензија, работниците без плата, социјално ранливите категории без социјална помош.
- Политиката на СДСМ наместо на фокусирање на проекти се сведува на ставање во неизвесност на егзистенцијата на 300 илјади пензионери чија судбина зависи од деструкцијата на СДСМ и дневниот интерес на раководството на СДСМ. Тоа е политика за создавање хаос и газење на државните интереси. Таа политика ќе биде казнета од граѓаните за 145 дена, се вели во партиската реакција.
Ново на Сител
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Анализа: Како да се справиме со негативното влијание на интернет просторот?
-
Д-р Беќаровски: Труење со поголема количина на парацетамол предизвикува неповратно оштетување на црниот дроб
-
Убиецот на Емилија го призна делото, обвинителството бара доживотна казна затвор
-
Експертите бараат брза реакција од надлежните за побезбедни патишта
-
Нов шеф доби Вишото јавно обвинителство во Скопје, Хајрулахи е се уште суспендиран
-
Откриени високи маржи кај маркетите и увозниците, извештајот на Пазарна утре на владина седница