ВМРО-ДПМНЕ: Корона зема замав низ светот, а Филипче си тера кампања
Корона додека коси низ светот, Филипче пред време се распушти од функција министер и не презема ништо.
Министерот за здравство Венко Филипче само продолжува со лагите. Сега на ред се лагите дека се е под контрола кога станува збор за корона вирусот и сето ова го кажува во период кога сме сведоци дека проверката на патниците на скопскиот аеродром доцнела.
Министерот Филипче наместо да уверува и да тврди, во суштина само лаже. Да почне веднаш и без никакви одлагања да ги спроведува насоките од епидемиолозите и Светската здравствена организација.
Филипче да одговори дали надлежните имаат насоки за постапување, дали здравствените институции се подготвени да реагираат.
Граѓаните гледаат дека Филипче и Владата предводена од СДСМ само лажат и на 12-ти април ќе стават крај на ваквото однесување.
Ново на Сител
-
Македонија под снег и мраз
-
Граѓани со скршеници ги полнат болниците
-
Ослободителна пресуда за Гордана Јанкуловска, затвор за началниците во бегство
-
По интерпелацијата Даути си се смета за разрешена, но се уште нема оставка
-
Лефков: Филипче и СДС сега глумат декларативно оградување од ДУИ
-
Дефиле под маски
-
Шеќеринска: Патувањето кон членство во алијансата не е секогаш едноставно
-
Преглед на вестите од светот