ВМРО-ДПМНЕ: Изборите мора да бидат спроведени по највисоките стандарди
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес (12 октомври, 2017 година) оствари средба со амбасадорите на САД, држави членки на Европската Унија и НАТО во Република Македонија.
Тема на разговор беше изборната кампања, и нејзиниот тек.
Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека во текот на кампањата се забележени низа прекршувања на изборниот процес, физички инциденти, демолирања на штабови, како и злоупотреба на државните ресурси во партиски цели.
Од страна на ВМРО-ДПМНЕ исто така беше истакната потребата од спроведување на фер и демократски избори, за што е потребен зголемен ангажман на државните институции.
ВМРО-ДПМНЕ ќе остане посветена во заложбата за спроведување на фер и демократски избори и создавање на демократски амбиент за сите учесници во изборниот процес.
Неминовно е власта да престане со злоупотребите на државните институции, со цел запазување на демократијата.
ВМРО-ДПМНЕ е убедена дека претстојните локални избори мора да бидат по највисоките стандарди, со цел Република Македонија да продолжи да чекори по патот кон ЕУ и НАТО
Ново на Сител
-
Разрешен директорот на Агенцијата за разузнавање
-
Тема на денот со Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Бајдевски засега останува во трката
-
Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ, обвинува за нефер изборен процес
-
Прва владина седница
-
Балансерот заминува во историјата, со ова се поткопува Охридскиот договор - Реагира ДУИ
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Преполовен бројот на Македонци во Албанија, првпат потпишани и Бугари