ВМРО-ДПМНЕ: Или МВР нека го покаже работниот налог за викенд во Охрид на началникот на Алфите или истиот да си поднесе оставка и одговара

Тоа што МВР го крие наводниот работен налог за началникот на Алфите кој бил на викенд во Охрид со службено возило е доказ дека сведоци сме на уште еден скандал и злоупотреба на службена должност.
МВР ТУРС продолжува со своите туристички тури во екот на летото. По турите до Солун, организираат и тури до Охрид.
Навистина е чудно како началник на единицата Алфи имал наводно работна задача во Охрид, а се знае дека единицата со која командува има надлежност само на територија на Град Скопје.
Или МВР да го покаже наводниот работен налог или Примислав Димовски треба да си поднесе оставка и да одговара за службена злоупотреба. За истото треба да одговара и Лазе Велковски каде има веќе констатирана злоупотреба. Законите мора да важат за сите.
За жал МВР стана дувло за злоупотреба на државниот имот во приватни цели. Спасовски и Заев со самиот чин што не покренуваат кривични постапки против прекршителите на законот се ставаат во заштита на криминалот.
Граѓаните очекуваат примена на правото, а не затскривање на прекршителите на законот. Сите законски прекршувања, кои функционерите назначени од СДСМ охрабрени од моменталната власт вршат законски прекршувања, ќе одговараат согласно закон откако во Република Македонија ќе се врати правната држава.
Ново на Сител
-

Исчистен дел од одроните на патот Берово - Струмица, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
-

Во прекин сообраќајот на патот Берово - Струмица
-

Поднесено обвинение против градоначалникот на Будимпешта бидејќи дозволил одржување на Парада на гордоста
-

Трамп повторно му се закани на Иран
-

Кривична пријава против струмичанка за присвојување осум мобилни телефони од продажен салон во Гевгелија
-

Радосна вест од Скопска ЗОО: Џуџестите мармозети добија близначиња
-

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, кандидатурите испратени во Влада
-

Тошковски - Кочиу: Пред летната сезона ќе го профункционира One Stop Shop меѓу двете држави
