Нови листопадни дрвја на местото на исечените во центарот на Куманово

Екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“ насадија нови листопадни дрвја на местото каде што неодамна беа исечени две повеќегодишни дрвја во центарот на Куманово, на улицата „Гоце Делчев“ каде што се преземаат градежни активности за проширување на автобуските постојки.
Новите десет садници се садат на местото каде што беа исечени дрвјата, за кои граѓаните реагираа, а се продолжение на акцијата во која беа опфатени три локации во Куманово и на која беа насадени сто листопадни дрвја.
Во акцијата учествуваше и кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски кој претходно изјави дека садењето е една од повеќето мерки за намалување на аерозагадувањето.
До крајот на годинава се очекува да бидат насадени 800 садници. Димитриевски информираше дека за наредната година ќе побара од советот на општината пет проценти од буџетот да се одвојат за озеленување на Куманово.
Откако, во Куманово, изминативе денови беше регистрирано високо загадување, Владата донесе одлука да ѝ препорача на работната група за субвенции на инвертер клими да ја вклучи Општина Куманово на листата градови за примена на оваа мерка или да понуди решение за поддршка на граѓаните и на локалните институции за приклучување на системот за дистрибуција на гас во општината.
Во таа насока е и препораката за наоѓање итно решение за замена на постоечкиот начин на загревање на Општата болница Куманово со можностите за греење на гас, имајќи го предвид планираното воведување на гасификација во Општа болница Куманово при изградбата на новиот ургентен – хирушки центар при општа болница Куманово.
Ново на Сител
-

Норвешка одвојува 86,4 милиони евра за фондот за поддршка на енергетиката на Украина
-

Вo јануари остранети 2765 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје
-

ЗОИ 2026 вечерва свечено ќе бидат отворени, Атанасовска и Јада македонски знаменосци
-

Да се вози внимателно, магла на повеќе патишта низ државата
-

Годишниот извештај за работата на ФЗО пред матичната собраниска комисија
-

Дел од центарот на Скопје денеска без вода
-

Цените на угостителските услуги за една година зголемени за 3,4 отсто
-

Отворање на новите простории на Институтот за трансфузиона медицина во Тетово
