ВМРО-ДПМНЕ: Генчовска ги разобличи лагите на Ковачевски, француски предлог е ист и нема никакви суштински промени

Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчова со изјавата за бугарската агенција БГНЕС дека нема никаква промена во модифицираниот францускиот предлог ги разобличи лагите на Димитар Ковачевски и Бујар Османи.
Ковачевски и Османи модифицираниот француски предлог го претставуваат како дипломатски триумф, а всушност според информациите со кои располага ВМРО-ДПМНЕ се работи за истиот предлог, со само неколку модифицирани збора, без суштински промени.
Згора на тоа, Бугарија Кирил Петков и Румен Радев се радуваат и го прифаќаат предлогот кој Ковачевски го крие.
Сите во соседството знаат, само народот во Македонија не знае што има во предлогот.
Имено, Ковачевски и Османи мора да одговорат, како тоа македонската јавност не знае што содржи францускиот предлог, а албанскиот премиер Еди Рама ги повикува македонските граѓани да го прифатат предлогот бидејќи како што пишува истиот значи можност за почеток на преговорите на државата со ЕУ?
Но, очигледно е дека станува збoр за истиот предлог кој веќе еднаш Ковачевски во Брисел го одби, кога се обидуваше да глуми задоцнет патриот.
Да беше толку добар предлогот, да имаше промени кои се во интерес на македонската страна, Димитар Ковачевски веднаш истиот ќе го објавеше во јавноста.
Ковачевски, Османи и Маричиќ со своето досегашно дејствување трајно ги загрозија преговарачките позиции на Македонија и ја носат државата кон подредена ситуација.
Граѓаните, експертската јавност и интелектуалната фела кажаа дека францускиот предлог е неприфатлив за државата и директно задира во националните и државни интереси на македонскиот народ.
Ковачевски и Османи да си поднесат оставка, веднаш.
Време е за промени и предвремени парламентарни избори.
Ново на Сител
-

Несовесни студенти го поплавиле реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
-

Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 октомври излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
-

Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници
-

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото
-

Камион со железни профили криел 79 килограми марихуана – разбиена меѓународна криминална група на Дојран
-

Радев: Два брода погодени со дронови во Црното Море, еден потона – екипажот исчезнат
