Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане

Во Основниот суд во Куманово денеска беа изнесени завршните зборови во судскиот процес против Трајче Бојковски, обвинет за четири убиства и два обиди за убиство. Обвинителството побара доживотна казна затвор.
Јавниот обвинител Љубомир Лапе побара доживотна казна за Трајче Бојковски за четири убиства и за два обиди за убиства.
Тој кажа дека Трајче како овчар, наместо да ги штити немоќните, бил нивен предатор. Жртвите, како што додае, ги избирал исклучиво меѓу постари и немоќни жени, ги напаѓал додека биле сами, а четири од нив ги лишил од живот.
- Доказите неспорно покажуваат дека Станче Каревска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска биле убиени на ист начин, со давење и притисок врз градниот кош. Кај дел од нив се констатирани и повреди во пределот на половите органи, а ДНК траги од обвинетиот се пронајдени кај две од жртвите и кај една од преживеаните, рече Лапе.
Хронологијата на сторените кривични дела е обратна од хронологијата на истражните дејствија. Обвинителот посочи и дека двете преживеани жени, Слоботка Арсовска и Росанка Трајковска, во своите искази опишале дека биле фатени за врат, соборени и давени.
Во однос на убиството на Станче Каревска, кое Бојковски не го признава, Лапе истакна дека обвинетиот при давањето исказ навел детали за начинот и времето на извршувањето кои, според Обвинителството, целосно се совпаѓаат со форензичките наоди.
- Таквите детали не можеле да му бидат познати на никој освен на сторителот, кажа Лапе.
Обвинителството посочи дека според психијатриското вештачење, обвинетиот е пресметлив, покажува способност за прикривање и кај него отсуствуваат емпатија, каење, срам и нагласи дека има ризик од повторување на делата.
Судско - психијатриското вештачење утврдило дека Бојковски покажува способност за прикривање, за што, како рече обвинителот, јавноста беше сведок на првото рочиште кога обвинетиот Трајче гледаше во плафонот, а на последното Судот беше цел на обид за манипулација кога обвинетиот Трајче се колнеше во Алах иако е православен, со цел да се додвори до претседателот на Советот претпоставувајќи дека е муслиман со оглед на неговото име и презиме.
Тој кажа дека за убиството од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик, покрај директната умисла, потребен е и посебен мотив, ниски побуди, кои во случајот се поврзани со некрофилија.
Во дејствувањето на обвинетиот се препознаваат и други мотиви, подмолен начин на извршување, родово базирано насилство и, според неговото признание, мотив поврзан со пари.
- Сепак, согласно кривичноправната теорија и пракса, доминантната и најтешката околност е онаа за која сторителот одговара, додека останатите се ценат како отежнителни. Во конкретниот случај, тоа е некрофилијат, рече Лапе.
Обвинителот кажа дека Трајковски невешто се обидел да создаде забуна на околноста кои кривични дела ги признава, а кои не и во еден момент и за мотивот, укажувајќи дека било користољубие. Лапе кажа дека во тој случај меѓу жртвите ќе имало маж. Адвокатите на оштетените се согласија со обвинителот и кажаа дека побаруваат и трошоци за постапката и оштетено-правно побарување на граѓанска парница.
- Во однос на првопочината Станче, од овие грозоморни настани, единствено се оспорува делот што самиот Трајче не го признава делото. Од сите докази на Обвинителството јасно се докажува дека и тоа убиство е сторено од негова страна. Не се сомневаме дека Судот правилно ќе ги цени доказите и ќе донесе одлука за добро на општеството-изјави адвокатката на дел од оштетените, Драгана Илиевска - Тодоровиќ.
Адвокатот на одбраната, Тони Цветковски, доделен по службена должност побара Судот да донесе пресуда важна за општеството и изрази сочувство до семејствата на починатите.
Тој кажа дека начинот на извршување и повредите се индиција, но не и доволен доказ за вина. Како несоборливи материјални докази ги наведе биолошките траги под ноктите, чиј ДНК-профил се совпаѓа со обвинетиот Трајче Бојковски и истакна дека Обвинителството извршило темелна истрага.
За двете оштетени – прежиевани, рече дека од нивните искази не може до крај да се утврди умислата на обвинетиот. Тој кажа дека Судот треба да има предвид дека обвинетиот признал вина, не бил осудуван и е млад.
На следното рочиште Основниот суд Куманово треба да ја изрече пресудата.
МИА
Ново на Сител
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 септември излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
-

Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници
-

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото
-

Камион со железни профили криел 79 килограми марихуана – разбиена меѓународна криминална група на Дојран
-

Радев: Два брода погодени со дронови во Црното Море, еден потона – екипажот исчезнат
-

Судијата Кацарска на меѓународна конференција во Црна Гора за европската интеграција, владеење на правото и ВИ во судството
-

МВР со засилени контроли: Ќе се казнува користење мобилен телефон додека се вози
