Судијата Кацарска на меѓународна конференција во Црна Гора за европската интеграција, владеење на правото и ВИ во судството

Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, предводена од судијата Добрила Кацарска и советникот на Судот Мартин Трајановски, учествуваше на меѓународната конференција „За Уставот, државата и демократијата“, која се одржа од 1 до 4 октомври во Тиват, Црна Гора.
Конференцијата обедини претседатели, потпретседатели и судии на уставни и врховни судови од повеќе европски држави, како и високи претставници на Европскиот суд за човекови права, Судот на правдата на Европската Унија и Венецијанската комисија.
Во фокусот на дискусиите беа уставните и институционалните предизвици во процесот на европска интеграција и обезбедувањето ефективно владеење на правото, уставните измени во функција на европската интеграција и правните импликации од преносот на суверени надлежности кон Европската Унија.
Посебно внимание беше посветено и на употребата на алатките базирани на вештачка интелигенција во уставното судство, со осврт на можностите за нивна примена, потенцијалните ризици за судската независност и етичките дилеми што ги отвора нивното користење во процесот на уставното судство.
Меѓу учесниците на конференцијата беа претседателот на Европскиот суд за човекови права Матиас Гијомар, потпретседателката на ЕСЧП Ивана Јелиќ, како и претседатели и судии од уставните и највисоките судови на Австрија, Белгија, Германија, Хрватска, Италија, Словенија, Естонија, Холандија и Обединетото Кралство.
Во рамките на конференцијата, судијата Добрила Кацарска оствари средба со претседателката на Уставниот суд на Република Бугарија, Павлина Панова.
На средбата беше потврдена успешната соработка меѓу двата суда, како и определбата за нејзино натамошно унапредување преку продолжување на заедничките активности и размена на најдобрите практики.
МИА
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
