Македонија
19. May 2023 - 8:23

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ и СДС јавно да го објават договорот за коридорите бидејќи тие ќе се градат со парите на граѓаните

Од најголем национален интерес е власта веднаш да го објави договорот пред македонската јавност, со компанијата која ќе ги гради коридорите 8 и 10, бидејќи тие ќе се градат со парите на граѓаните.

Да види народот како се кршат правата на македонските работници во делот на работните часови и траењето на работната недела. 

Да види народот како ќе се плаќа 5 пати повеќе за изградба на километар автопат, во споредба со оној кој Македонија претходно го градеше заедно со ЕУ, на делницата Демир Капија-Смоквица. 
 
Да види народот како се плаќаат повеќе од 300 милиони евра за пенали и аванси на уште нефрлена лопата. 
 
Да види како се урнисува македонското право, а да биде и комично, надзор на сите овие работи ќе врши фирма за долна облека.

Корумпираната и криминална влада на ДУИ и СДС, одамна не знаат што се тоа македонски национални интереси, а за тоа граѓаните видоа многу примери во минатото.

По доаѓањето на власт на ВМРО- ДПМНЕ, на прво место во работењето ќе бидат ставени македонските национални интереси.

 
 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ