Македонија
27. May 2022 - 9:24

ВМРО-ДПМНЕ: Дали лицето кое пукаше во Чаир, ослободено од Ариф Асани, е веќе осуден, а МВР не го приведува?

Дали лицето кое пукаше во Чаир, ослободено од Ариф Асани, е веќе осуден, а МВР една година не го приведува?

Дали МВР една година избегнува да го приведе за отслужување на казна затвор лицето кое среде бел ден пукаше во Чаир?

Дали истото лице е ослободено по асистенција на Ариф Асани, заменик директор во БЈБ, и дали тој е човекот кој оневозможува негово апсење?

Со што ги задолжил пукачот од Чаир ДУИ и СДСМ, па вториот човек во БЈБ да мора да го крие и интервенира тој да биде пуштен на слобода?

Дали Ариф Асани и функционерите во МВР, наместо да ги ставаат зад решетки, работат за криминалците?

МВР со Спасовски и Ковачевски е заштитник на мафијата.

МВР на Спасовски и Ковачевски не може да ја гарантира безбедноста на граѓаните. Нарушената безбедност и несигурноста која ја има во општеството и државата заради криминалната влада која штити криминалци е уште една причина за да има предвремени парламентарни избори час поскоро.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ