ВМРО-ДПМНЕ: Бектеши призна дека Владата толерира неплаќање струја и криминал
Скандалозна е изјавата на министерот за економија Крешник Бектеши со која го правда крадењето на електрична енергија и се релативизира овој криминал. Да кажеш дека во Арачиново се краде само 10% од целата струја која што се краде во Македонија е бесрамно и доколку бевме нормална држава тој веќе ќе се збогуваше со министерската и политичката кариера. Всушност Бектеши признава дека владата толерира неплаќање на струја и криминал.
Според информациите на медиумите само во Арачиново се „крадело струја“ во износ од над 6 милиони евра годишно, а овие загуби потоа ги плаќаат сите. Само една трафостаница во Арачиново покажува 96,1 отсто украдена струја, а речиси сите останати имаат над 50%. Владата е должна да одговори каде и колку се краде струја во Македонија и да ги санкционира сите, бидејќи нивниот криминал го плаќаат оние кои што редовно ги подмируваат сметките.
Наместо преговори и договарања за очигледна злоупотреба, треба да има пријави, а во исто време и истрага кој дозволувал и толерирал вакво поведение. Ги повикуваме надлежните органи да го испитаат овој случај, а прв кој треба да даде исказ е самиот министер кој треба да ги даде сите информации каде и колку струја се краде во Македонија, штом веќе ги знае.
Ова е уште еден доказ дека криминалот на поединци и функционери од власта се причината поради која народот плаќа поскапа струја. Поради криминалот и корупцијата Македонија е земја во која некои се богатат на грбот на огромното мнозинство граѓани кои осиромашуваат. Власта е генераторот на кризи и криминал во Македонија и за тоа мора да понесат одговорност.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Дејвис куп: Македонија стартуваше со максимални 3:0 против Малта
-
Пониква станува рехабилитациски центар за повредените од трагедијата во Кочани
-
Маринците пристигнаа во Лос Анџелес, но сè уште немаат наредба да интервенираат
-
Бројот на жртвите од масакрот во Грац се искачи на 11
-
Црвениот тепих од Канскиот фестивал се продава по едно евро за килограм
-
Витаминот Д може да спречи 30.000 смртни случаи од рак годишно, покажуваат истражувања
-
Тежина, звук и дамка: Клуч за избор на совршена лубеница
-
ЈСП Скопје: Средношколците имаат право на бесплатен јавен превоз за време на летниот распуст