-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ бара вонредна расправа за ситуацијата со лозарите
-->
Лозарите се излажани од СДСМ и од Заев, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
„Грозјето скапува по цена од 6-7 денари по килограм, а милиони килограми стојат необрани", истакна од собраниската прес сала Зоранчо Јованчев од ВМРО-ДПМНЕ. Потребни се итни мерки за да се превенира социјална катастрофа, вели Јованчев и токму затоа од партијата најавија дека до Собранието ќе поднесат барање за надзорна расправа. Целта би биле да се постигне консензус помеѓу сите засегнати чинители и да се достигне достоинствена цена за килограм грозје.
На надзорната расправа, како што рече Јованчев, ќе бидат повикани претставници на здруженија на лозари од цела држава, претставници на винариите и стручни лица од Факултетот за земјоделски науки и храна.
Горан Симоновски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пазарна казни 5 големи ланци на маркети
-
6 пријави за врсничко насилство годинава – Ќе воведат ли властите институционална соработка за справување со оваа појава?
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот изгасен, обид за кражба во зградата
-
29 години од атентатот врз Kиро Глигоров
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Новото раководство на ЕСМ обвинува за хаос во РЕК Битола
-
Тројца загинати во директен судар