ВМРО-ДПМНЕ: Антикорупциска потврди дека е незаконска постапката за разрешување на Зврлевски

Постапката за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски во Собранието на Република Македонија е целосно незаконска, а тоа го потврди и Антикорупциската комисија, смета ВМРО-ДПМНЕ.
- Постои законска пречка да се разрешуваат и именуваат носители на јавни функции откако се распишани изборите. Мислењето на Антикорупциска комисија во кое се вели дека не може во период на кампања да се разрешува или именува јавен обвинител е доказ за аргументираната и принципиелна расправа на ВМРО-ДПМНЕ и пратениците од коалицијата „За подобра Македонија“, рече Трајче Димков од ВМРО-ДПМНЕ на денешната партиска прес-конфеенција.
Тој ги обвини Талат Џафери и СДСМ дека го кршат Уставот и законите со разрешувањето на Зврлевски.
- Тоа преставува институционално насилие. Џафери и СДС свесно го игнорираат законот и Уставот. На Заев му треба јавен обвинител кој ќе функционира под негова команда и ќе испрати порака дека криминалот на СДС е неказнив, потенцира Димков.
Ново на Сител
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Преглед на вестите од светот
-

Без поместување на позициите заврши првата официјална средба Муцунски - Петрова Чамова
-

Фицо го одби предлогот на Мерц за полесно проширување на ЕУ
-

Антикорупциска откри незаконски вработувања и исплати во ТЕЦ Неготино
-

Градоначалникот на Скопје не отстапува со ограда да го затвори преминот на Бит Пазар – Граѓаните бараат семафор
