Македонија
22. May 2026 - 16:35

Градоначалникот на Скопје не отстапува со ограда да го затвори преминот на Бит Пазар – Граѓаните бараат семафор

Градоначалникот на Град Скопје не отстапува од одлуката со ограда да го затвори нелегалниот премин на Бит Пазар. По вчерашните протести на граѓани кои се противат на ова решение, Орце Ѓеорѓиевски најави дека ќе бара помош од МВР, а ќе разговара и со градоначалникот на Чаир Изет Меџити.

- До мене стигнаа повеќе од 100 тина барања од граѓани кои се загрижени за нивната безбедност и јас нема да дозволам да носам некого на душа, изјави Орце Ѓеорѓиевски, градоначалник на Град Скопје.

Граѓаните кои го користат преминот бараат поставување на семафор зошто повозрасните не можат да го користат надвозникот.

Бидејќи многу граѓани го користат овој нелегален премин со создаваат гужви на булеварот Крсте Петков Мисирков. Возачите стануваат нервозни, а ваква е сликата речиси секој ден.