ВМРО-ДПМНЕ: 8 именувани функционери од владата на СДС и ДУИ ја чинат Македонија 1,5 милиони евра, а пари за народот нема
Аферата Паразити го разоткри аздисаното и апсурдно трошење на парите на граѓаните за плати на функционери именувани од оваа власт на СДС и ДУИ.
Последниот пример за тоа се хонорарите на Андреј Жерновски и Кире Станкоски.
Андреј Жерновски добива месечен надоместок од 1000 евра како координатор на проектната единица за изградба на клинички објект. Од министерството за здравство до сега има добиено 18.000 евра, а граѓаните не можат да видат ниту цигла од неговото координирање.
Вториот пример, пак, Кире Станковски добива 2.000 евра месечно како генерален директор на Тутунски комбинат Прилеп, а во исто време тутунарите од прилепско не можат да си го наплатат трудот и едвај врзуваат крај со крај. Во еден мандат Станковски ќе заработи речиси 100 илјади евра.
Додека лицемерната власт на СДС и ДУИ ги тера граѓаните да штедат, дури ги тера студентите да преживуваат, дури крати средства за проекти во интерес на граѓаните под изговор дека нема пари, функционерите кои ги именува добиваат баснословни суми за плати и хонорари.
Од досегашните примери видовме дека само 8 функционери именувани од СДС и ДУИ ја чинат Македонија приближно 1,5 милиони евра. Аферата Паразити ќе открие и нови случаи на раскалашено трошење во време кога народот гладува.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Обвинители на 22 американски држави ја тужат администрацијата на Трамп поради кратење на научното финансирање
-
Средба на Сиљановска - Давкова со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи
-
Андоновски: Ќе се ревидира упатството за постапување на училиштата при хибридни закани
-
Во сообраќајка кај Струга повредени четири лица, од кои тројца се полицајци
-
По апсењето на градоначалникот на Тирана, опозицијата бара оставка на Рама
-
Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите
-
За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од земјата, куќен притвор
-
Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа