ВМРО-ДПМНЕ: 1090 проекти за отчет на ВМРО-ДПМНЕ, 0 проекти за 0 отчети на СДСМ
1090 проекти за отчет на ВМРО-ДПМНЕ, 0 проекти за 0 отчети на СДСМ.
Градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ имаат реализирано многу повеќе проекти за 100 дена, отколку што нивните претходници од СДСМ имале за 4 години.
Нема општина каде има градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а да не е подигнато нивото на комуналната хигиена. Исчистени се голем број депонии, а улиците и јавните површини редовно се чистат.
Започнати се нови или реновирани се 33 градинки, и 68 училишта низ цела држава.
Сите градинки во Аеродром и дел од основните училишта добија фотоволтаични кровни конструкции.
Отпочнати се 166 капитални проекти.
Нема општина во државата каде во првите 100 дена нема отпочнато со изградба на нова канализациона мрежа на места каде што ја немало, или обнова на постоечка.
Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ има со што да се пофалат, тие од СДСМ немаат ниту еден проект. Тоа е разликата и граѓаните јасно ја гледаат.
Ново на Сител
-

Македонското знаме се крена над Њујорк
-

Перница врз лицето и удари по главата: 28-годишна жена се обидела да ја убие бабата на сопругот
-

Две лица од Радовиш произведувале и продавале мраз со бактерии, запленети 850 килограми
-

13-годишник нападнат од родител на негов соученик во Аеродром, заврши во болница
-

Ужас во Тетово: 62-годишник силувал дете кое не наполнило 15 години
-

Македонија со три светски шампиони: Калин и Томи освоија злато, вкупно пет медали од СП во кикбокс
-

Во Њујорк одбележана 35-годишнината од независноста
-

Андоновски: Нов Центар за услуги за граѓаните на Кочани, се олеснува пристапот до услугите на институциите
