Властите во Киев поставуваат илјада пунктови за греење на населението
Властите во главниот град на Украина, Киев, подготвуваат повеќе од илјада грејни пунктови низ градот во случај неговиот систем за централно греење да биде онеспособен поради континуираните руски напади, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.
Нападите со ракети и дронови оштетија 40 проценти од енергетската инфраструктура на Украина и веќе накратко оставија големи делови од Киев без струја и вода, што предизвика рационализација на потрошувачката на електрична енергија.
Кличко преку Телеграм напиша дека градските власти разгледуваат различни сценарија за ракетните напади.
– Најлошо е таму каде што воопшто нема да има струја, вода или греење. За тој случај подготвуваме повеќе од 1.000 пунктови за греење во нашиот град, рече тој.
Локациите ќе бидат опремени со генератори и ќе имаат залихи на неопходни производи како што е вода, додаде тој.
Апелирајќи до Украинците кои веќе ја напуштиле земјата да останат во странство за време на зимата, украинската Влада ја обвини Русија дека предизвикува нова хуманитарна криза со принудување на уште повеќе луѓе да бегаат, преплашени од можноста дека ќе мора да живеат без струја или греење во текот на зимата.
Ново на Сител
-
Ахмети: Од Законот за јазици не смее да се смени ниту точка ниту запирка, ќе биде пружен „невиден отпор“
-
Тема на денот со Нуман Куртулуш, претседател на националното Собрание на Турција
-
Поскапува животот во Македонија, граѓаните велат новогодишната кошница е игра и замајување
-
Уставен ќе добие мислење од Венецијанска за Закон за јазици - Одлуката најдоцна до мај
-
Бизнисот го чека унгарскиот кредит, банките условите
-
Со правосилни пресуди до ефикасна борба со криминалот и корупцијата
-
Шест месеци нова Влада
-
Заврши стручниот надзор на Детска за починатото седуммесечно бебе – Таравари не сака да избрзува со заклучоци