Властите на областа Запорожје предлагаат режим на молк околу нуклеарната централа
Членот на главниот административен Совет на областа Запорожје, Владимир Рогов изјави дека е потребно да се прогласи режим на молк околу нуклеарната централа Запорожје, тврдејќи оти е „на удар на украинската војска“.
Tој оцени дека раководството на Обединетите Нации и министрите за надворешни работи на Европската Унија не треба да зборуваат за демилитаризација, туку за воведување режим на молк и да предвидат најтешки санкции за гранатирање нуклеарни централни.
Претходно, постојаниот руски претставник на Русија во ОН, Васил Небензја предупреди дека демилитаризација на нуклеарната централа Запорожје, што беше предлог на генералниот секретар на ОН, нуклеарката ќе ја направи ранлива.
Истовремено, шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел изјави дека поддржува создавање зона околу централата каде би биле забранети вооружени сили.
Нуклеарната централа Запорожје има шест блокови и најголема е во Европа. Од март е под контрола на руските сили, кои извршија инвазија на Украина.
Русија тврди дека од почетокот на месецов, вооружените сили на Украина го зајакнале гранатирањето на нуклеарката.
Ново на Сител
-
Алкалоид го пречекува АЕК во реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот куп
-
Најмногу дожд во Крива Паланка, Виница и Струмица
-
Приведен возач во Штип, возел со 2,10 промили алкохол во крвта
-
Муцунски на одбележување на 30-годишнината од Дејтонскиот договор
-
Во Северна Кореја уапсени три лица поради неуспешната промоција на воен брод
-
Илиоски ја одбрани титулата светски првак
-
Најмалку три лица загинаа во рускиот напад со дронови врз Киев
-
Свежо време со повремен дожд и северен ветер