Витаминот Д може да спречи 30.000 смртни случаи од рак годишно, покажуваат истражувања

Суплементацијата со витамин Д може да ја намали смртноста од рак за околу 13 проценти, покажуваат три мета-анализи на клинички студии.
Според научниците од Германскиот центар за истражување на ракот (DKFZ), доколку сите Германци над 50 години земаат витамин Д, може да се избегнат до 30.000 смртни случаи од канцер годишно и да се добијат над 300.000 години живот, со потенцијални заштеди во здравствените трошоци.
Истражувањата во последните години се фокусираат на влијанието на витаминот Д врз болести како рак, дијабетес, воспалителни и респираторни заболувања. Мета-анализите, кои вклучуваат висококвалитетни рандомизирани студии од целиот свет, потврдуваат дека витаминот Д ја намалува смртноста од сите видови рак за 13 проценти. Сепак, биолошките механизми зад овој ефект сè уште не се целосно разјаснети.
„Иако стапката на смртност од рак опаѓа во многу земји, новите лекови за рак често имаат висока цена. Витаминот Д, пак, е релативно евтин“, изјави епидемиологот Херман Бренер од DKFZ.
Недостигот на витамин Д е чест кај постарите лица и кај пациентите со рак. Според пресметките, суплементација со 1.000 меѓународни единици витамин Д дневно за 36 милиони Германци над 50 години би чинела 900 милиони евра годишно, но би овозможила заштеди од 1,154 милијарди евра од трошоците за лекување рак.
Бренер нагласи дека рутинското тестирање за нивоата на витамин Д не е неопходно, бидејќи дозата од 1.000 единици е безбедна и не предизвикува предозирање. Тој посочи дека во земји како Финска, каде храната се збогатува со витамин Д, стапката на смртност од рак е за околу 20 проценти пониска отколку во Германија.
Ново на Сител
-

Македонските земјоделци произведуваат повеќе со помалку земја
-

Тројца убиени и 10 повредени во Дњепар во повеќе руски напади во текот на ноќта
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
