-->
-->
Власта не очекува притворите да го загрозат мнозинството за уставни измени
-->

Премиерот Зоран Заев вчера рече дека се надева оти поддршката од осумте пратеници за измени на Уставот ќе продолжи и покрај притворањето на Јанакиески, Божиновски и Мијалков, бидејќи во јавноста се појавија одредени дилеми дали нивното притворање може да го доведе во прашање процесот на помирување, со оглед на тоа дека пратеници од независната група најавија дека има можност да не го дадат својот глас за промена на Уставот.
-Јас на овој процес во Парламентот гледам како на политички дијалог и на начин како преку инклузивни процеси да можеме да го зголемиме мнозинството. Жалам што пратениците истакнуваат дека тоа влијае. Јас се надевам дека ќе останат на своите поранешни ставови, рече Заев во Струмица.
Според него, завршувањето на јавната дебата по втората пленарна седница планирана за 1 декември и соопштувањето на амандманите, во кои, како што вели ќе бидат потврдени ставот и предлозите на опозицијата, ќе значи потврдување на двотретинското мнозинство, па дури и негово зголемување.
Додаде дека тоа е само негова надеж, а испрати порака дека правото и правната држава, владеењето на правото се императив во Република Македонија и дека не треба да има никакво мешање во правосудството.
Пленарната седница почнува на 1 декември, а по неа треба да почне и јавната дебата по предложените уставни измени. Заев смета дека во овој процес ќе се дознае колку опстојува двотретинското мнозинство, дали се намалува или се зголемува.
Во меѓувреме во текот на оваа недела во Парламентот треба да се одржи и првата средба на членовите на Координативното тело за помирување со кое претседава претседателот на Собранието Талат Џафери, а потпретседатели се пратеничките Фросина Ременски и Емилија Александрова. Формирањето на ова тело беше на барање на осумте пратеници кои дадоа поддршка за уставните измени.
ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека нема да учествува во работата на координативното тело за помирување, но, оттаму потенцираат, доколку тоа понуди решение за неслективна правда ќе го поддржат.
– Доколку се донесат неселективни одлуки и неселективна правда за сите учесници што можст да бидат опфатени согласно закон ќе дадеме поддршка, рече Мицевски. Појасни дека поддршката ќе зависи од тоа што ќе биде понудено и кога ќе биде понудено, дали пред или по завршувањето на постапката за уставните амандмани, рече минатата недела координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МЖСПП: Милион евра грант од Шпанија за Охридското Езеро
-
Платформата на “СКОПСКО” продолжува со својата мисија за заштита на нашите природни богатства
-
Помалку превезени патници во патниот превоз во последниот квартал од 2024 година
-
Поевтинува Мазутот, цената на бензините останува иста
-
На Санторини смирена ситуацијата со земјотресите, Мицотакис порачува дека Грција е безбедна земја
-
Поранешниот потпретседател Пенс контра Трамп: Господине претседателе, не ја зборувате вистината за Украина
-
Македонските млади фудбалери им се реваншираа на врсниците од БиХ
-
Вчера казнети 949 возачи