Владо Георгиев заврши во болница: Жена му го нашла онесвестен, со вкочанета вилица
Владо Георгиев, според пишувањата на српски „Курир“ на 7. мај завршил во болница, откако сопругата Милица го нашла онесвестен.
– Екипата на „Брза помош“ го затекнала Владо на подот. Бил онесвестен, исцрпен и блед. Вилицата му била вкочанета, а од усните кои му беа помодрени, му течеше вода. Веднаш беше пренесен во Ургентен центар. При доаѓањето во болница, сопругата на Владо побара да му биде лицето покриено со шамија, за да не го препознаат – вели извор кој сакаше да остане анинимен.
Георгиев го прегледал интернист, а потоа и уролог. Бил во многу лоша состојба. Медицинската сестра му дала инфузија и му го измерила пулсот. По еден и пол час, пејачот си дошол при себе. Лекарите сакале да го задржат во болница, да му направат детални анализи. Но, кога слушнал дека треба да биде хоспитализиран, тој на своја одговорност ја напуштил болницата.
Ново на Сител
-
Работничка добила отказ бидејќи планирала да забремени со Ин витро – КСЗД утврди дискриминација
-
СДСМ: Ристовска треба да поднесе оставка, одлуката за Христовски ја поткопува довербата во ДКСК
-
Ако поскапат основните производи по само еден час ќе ги замрзнеме цените, рече Дурмиши
-
5те базени што ги гради државата ќе бидат готови до крајот на летото
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Кртови кои ги издаваат полициските акции ќе има уште кратко и сите ќе одговараат
-
Мицкоски очекува Ахмети да биде повикан на распит за да каже каде е Груби
-
Реновиран дел од Клиниката за психијатрија