Македонија
20. February 2025 - 12:23

Владина иницијатива за разрешување на Коцевски

Во текот на наредната недела се очекува Владата да му ја достави на Советот за јавни обвинители одлуката за поведување на постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Според процедурата, Советот на јавни обвинтиели ќе мора да одговори во рок од 30 дена по што предлогот ќе се достави до Собранието каде за разрешување на Коцевски ќе биде потребно мнозинство од 61 пратеник.

Коцевски веќе се изјасни дека не сторил дисциплински прекршок.

Истовремено, тече постапка и за разрешување на 5 члена на судскиот совет кои таму доаѓаат на предлог на Собранието. Мнозинството се надева дека на тој начин ќе ги подобри состојбите во правосудниот систем кој има ниска доверба од граѓаните.