Владимиров: Ретроградните сили во двете држави не сакаат да имаме решавање на спорот
Бугарскиот аналитичар Владимир Владимиров, во Тема на денот во Дневникот на Сител смета дека секој човек кој го следел развојот на спорот меѓу Македонија и Бугарија знае дека многу политичари од двете страни придонеле за да се најдеме во оваа ситуација.
-Влеговме во таков ќор-сокак од кој тешко ќе излеземе. Можам да тврдам дека надворешните сили, трети држави учествуваа во овој спор. Секој кој би предложил решение преку разумни чекори и во двете земји ќе биде нападнат со фрази како предавник, вели Владимиров.
Според него, ретроградните сили во двете држави не сакаат да имаме решавање на спорот.
-Сметам дека со ваквиот предложен пристап од страна на Петков има големи шанси работите да влезат во пријателска и прагматична фаза, во која и би требало да бидат односи меѓу нас. Оптимист сум, додава Владимиров.
Ново на Сител
-
Каква економија не очекува
-
Штипска Физикална се модернизира за да одговори на потребите на пациентите
-
На Водно се засекуваат бадникарските дрвца
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран