-->
-->
Владимир Путин најави напади врз Исламската држава: Од воздухот да, на копно не!
-->
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва не ја исклучува можноста од учество во воздушните операции против терористичката организација на ИСИС во Сирија, но во никој случај тоа нема да се случи интервенција на копно.
- Размислуваме на кој начин да ја поддржиме сиријската војска во борбата со терористите. Тој процес треба да се води паралелно со политичкиот процес за надминување на кризата. Меѓутоа во никој случај не е прифатливо руските војници да учествуваат во операции на копно, - рекол Путин.
Минатата ноќ Путин имаше средба со Обама, која ја оценил како конструктивна и додал дека размениле јасн и ставови за прашањата на Сирија и Украина.
- Во повеќето работи се согласуваме, но има и разлика во нашите погледи на многу прашања, - заклучил Путин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран
-
Чадот од отпад го гуши Злокуќани цела деценија: Жителите бараат итна помош од институциите
-
Меџити вчера објави дека Груби е во Албанија, денеска вели политичарите да се воздржат од коментари
-
Директорот на Детска не го добил извештајот од ДСЗИ – тврди дека починатото бебе било прегледано и од специјалист
-
Повлечен законот за средно