Владата останува на ветувањето за рудниците
Премиерот Зоран Заев денеска уште еднаш повтори дека Владата ќе остане на своето ветување и оти ќе се искористи секој правно-формален аспект за да се спречи изградбата на рудниците.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавите на инвеститорот на рудникот „Казандол“ дека денеска ќе почне со минирање Заев изјави дека се отпочнати сите постапки.
-Уште еднаш Ве уверувам дека секој правно формален аспект ќе го искористиме за да останеме на своето ветување дадено пред граѓаните. Ќе направиме се. Нашата намера е да ја спречиме изградбата на рудниците, се што постои правно формално, а гледам дека има пропусти правните тимови работат, ќе ги издадат сите овие резултати што се како заклучоци, рече Заев кој денеска заедно со претседателот на Собранието Талат Џафери присуствуваше на настан во организација на Евро-атланскиот совет.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица