Македонија
25. November 2019 - 12:47

Владата не беше организатор на настанот во МНТ на кој имало недолично однесување, организаторот да преземе одговорност и да ја надомести штетата

Владата на Република Македонија информира дека настанот во МНТ на кој се случило несоодветно однесување на навивачка група не е во организација на ниту една државна институција и не смее никако да се поврзува со владиниот настан за одбележување на Денот на албанската азбука кој помина во најдобар можен ред и за кој јавноста беше во целост запознаена.

Владата го оценува несоодвеното однесување како злоупотреба на гостопримството во Македонскиот народен театар, и истото најостро го осудува.

Очигледно е дека организаторот на овој настан, како и иницијаторот тој да биде одржан во МНТ, не го подготвиле и организирале настанот согласно стандардите и очекувањата за манифестации што се организираат во национални културни установи од највисоко значење.

Владата на Република Македонија очекува орган