Владата ќе ја одложи примената на законот за оданочување на капитални добивки за да ја раздвижи берзата
Ќе се одложи примената на Законот за оданочување на капитални добивки, дознава Сител од владини извори. Мерката, која предвидуваше од Нова година да се плаќа 15% данок на добивкате од дивиденда , место позитивен, би имала негативен ефект за берзанското раздвижување. Ако сакате да знаете во каква кондиција е економијата на една земја, тогаш најдобро е да се погледнат берзанските индекси, велат експертите. Евентуалното оданочување ќе ги натера инвеститорите, парите наместо на берза да ги вложат во други бизнис, или да ги чуваат во банка
Владата се уште размислува дали да се даночат каматите на заштедите во банка, Ако се воведе, според експртите, тоа би довело до сериозни негативни импликации врз финансиската стабилност во земјава
Плаќањето данок на каматата која граѓаните ја добиваат од заштедите кои ги чуваат во банка серзионо може да влија врз финансиската стабилност на Македонија. Затоа порачувам Владата уште еднаш да размисли дали вреди да се оданочуваат и негативните камати, додава Ивановски
Законот за камати, ако не се одложи, ќе стартува од јануари догодина. Предвидува граѓаните да плаќаат 15% данок на каматите кои ги добиваат за заштедите во банка, ако истите годишно надминат 15 илјади денари. Тоа значи дека ќе плаќаат данок сите кои имаат заштеди над 10 илјади евра во банка.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
