Владата е подготвена за меѓународна експертиза за случајот „Дива населба“
Владата е подготвена за меѓународна експертиза за случајот „Дива населба“, рече премиерот Зоран Заев.
- Согласно позитивните прописи во Македонија утврдивме дека таа не може да се вклучи во средината од судскиот процес. Мора процесот да заврши до фаза на правосилност на пресудата за потоа да се внесат меѓународни претставници како коментатори, како луѓе кои што ќе бидат во самиот процес, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по завршување на денешното рочиште за „Поткуп“.
Според него, детали може да каже Министерството за правда во зависност од тоа кога завршила одредена фаза од постапката и преку меѓународна експертиза ќе може да се искоментираат и да се дадат одредени ставови во врска со овој предмет.
Владата во ноември минатата година прифати да биде отворена меѓународна истрага за случајот „Дива населба“. Премиерот Зоран Заев изјави дека е информирана меѓународната заедница и оти се бараат начини за спроведување на меѓународна истрага за неразјаснетите околности поврзани со настаните во кумановската „Дива населба“.
Од 37 обвинети за тероризам и терористичка организација, 33 лица беа осудени за делата, а за четири лица е донесена ослободителна пресуда. За осуммина беше изречена казна од доживотен затвор.
На 9 и на 10 мај 2015 година, во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и од посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.
Ново на Сител
-
Николоски: Важна средба на Мицкоски со Макрон
-
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ја отвори истрагата за мазутот во ЕСМ
-
ДКСК: Екс министерката за култура трошела незаконски
-
Минчев: Новото законско решение ќе биде уставно
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ