Владата денеска ќе одлучува за драфтот на договорот за набавка на руските вакцини
Владата го добила драфт договорот за набавка на најавените 100.000 вакцини од Русија, за што веќе во текот на денот ќе има затворена седница на која Владата треба истиот да го усвои, изјави министерот за здравство Венко Филипче запрашан за процесот на набавка на вакцини кој се одвива преку повеќе механизми.
-Се уште траат преговорите со Фајзер во однос на некои технички детали, за што секојдневно се слушаме со претставничката на претставништвото на Фајзер во Белград и го очекуваме драфтот на договорот. Во делот на кинеските вакцини постои интензивна комуникација и уште една размена на писма и преку МНР, така што очекувам дека за кратко време ќе го добиеме и дефинитивниот датум во кој што ќе стигнат и оваа количина на вакцини. По потпишувањето на анекси со Астра Зенека на барање на компанијата преку КОВАКС механизмот најавите се дека 20-30.000 вакцини треба да пристигнат до почетокот на март. И во делот на руските вакцини, како што најави премиерот Заев ќе набавиме количина од 100.000 вакцини, за што веќе го добивме драфт договорот, за што веќе во текот на денот ќе има затворена седница на која Владата треба да го усвои, рече Филипче на новинарско прашање по приемот на вториот дел од донацијата од Србија од 8.000 вакцини на Фајзер од српскиот колега Златибор Лончар на Табановце.
Согласно најавата од страна на компанијата Фајзер, Филипче потврди дека првата пратка требаше да стигне во фервуари, но дека укажувањето сега од последните разговори е дека доцнењето е заради тоа што вкупното производство на компанијата е намалено со цел да ги надгради капацитетите за во текот на 2021 година. Тоа намалување на производствените капацитети сега на почетокот на годината значи дека во некои земји споро одат овие процеси на договорите, а во другите земји, како на пример земјите членки на ЕУ каде што имаа склучено договори се достави количина многу помала од таа претходно и иницијално планирана. Нагласи дека е можно по укажувања на компанијата првата пратка да пристигне на почетокот на месец март.
– Еве и ние се уште го чекаме драфтот на договорот. Притоа, веројатно дека ќе стане збор за поголема количина од таа иницијална најавувана за месец февруари со оглед на тоа што веќе и тогаш за месец март беше најавувано поголема количина, рече Филипче.
Ново на Сител
-
Управниот суд одржува јавна расправа за тужбата на Европскиот фронт за прегласувањето во Ларце
-
Гир: Подготвени сме да работиме со новата влада и со сите кои го поддржуваат реформскиот процес
-
Писториус ја поздрави обуката на украински војници на системи Патриот
-
Поротата почна со разгледување на судењето против Трамп за кривично дело поткуп на актерка во филмови за возрасни
-
Приведен прилепчанец за шверц на 45 шишиња метадон
-
Средба на лидерите од СДСМ
-
24-годишник избоден во ресторан во Дебар
-
Битолчанец измамил 76-годишна жена за 398.000 денари