Владата денеска ќе ја одржи редовната 50-та седница
Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи редовната 50-та седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
На предлог на Канцеларијата на Претседателот на Владата, на седницата ќе биде разгледан Извештајот за процесот на пилотирање на новиот модел за проценка на дополнителна образовна, здравствена и социјална поддршка на дете и младинец, базиран на Меѓународната класификација на функционирањето (МКФ), како светски стандард за класификација, одобрена од Светската здравствена организација во 2001 година.
На седницата, на дневен ред за разгледување се наоѓа и Предлог-законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк.
На оваа седница на Владата е и Информацијата за состојбата со аерозагадувањето и потребата од продолжување на процесот на замена на нееколошки горива во јавните објекти во Република Македонија поднесена од Министерството за животна средина и просторно планирање.
На денешната редовна седница, која ќе се одржи преку видеоконференциска интернет врска ќе биде разгледана и Предлог-програмата за рамномерен регионален развој за 2021 и 2022 година, предложена од Министерството за локална самоуправа.
За донесените одлуки и заклучоци од седницата, која е предвидено да започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.
Ново на Сител
-
Монструмот откако ја убил малата Данка седнал да руча во летниковецот
-
Пронајдено бебе во контејнер во близина на Загреб
-
173 санкции за брзо возење
-
Силјановска Давкова ќе се сретне со со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри
-
ЦУК: Забрана за движење кај стрелиштето „Леково“, пожари во Кавадарци и Велес
-
Путин во посета на Кина на 16 и 17 мај
-
Синдикатот на просветни работници во Србија в четврток ја прекинува работата во сите училиштата поради загрозена безбедност
-
Герапетритис: Бараме усогласување со Договорот од Преспа, не е прашање на самоопределување, туку почитување на договореното