Балкан
29. May 2019 - 13:21

Вкупно 13 повредени при превртување на автобус со затвореници во Грција

Полициски автобус што пренесувал затвореници од Атина за Каламата, се преврти во близина на градот Коринт, при што се повредени седум полицајци и шестмина осуденици, јави дописничката на МИА од Атина.

Сообраќајната несреќа се случила на автопатот Коринт-Каламата, кусо пред 10.30 часот утрово, откако полицискиот автобус излетал од патот и се превртел.

Причините за излетувањето на автобусот засега не се познати.

Повредените лица биле пренесени во болница.