Живот
10. October 2017 - 12:37

ВИСТИНСКИ ПЕКОЛ: Петте најужасни фотографии од Чернобил

Најголемата нуклеарна катастрофа резултирала со сцени како од хорор филм.
 
1.Колење
 
Откриена во рушевини во градот Припјат, трупот на ова грозно животно било се што останало по експлозијата на реакторот број 4 во северниот дел на Украина, на 26. април 1986 година. Бројот на лушето кои починале после несреќата не е познат.
 
Целото подрачје било преплавено со радиоактивни изотопи од пожарот кој беснеел десет дена. За да се направи целосна стерилизација, локални ловци требало да ги убијат сите животни, како и домашните миленици кои останале живи по катастрофата.
2. Игли
 
Во евидентирање на штетата по катастрофата, Игор Костин бил еден од петте фотографи на кои им било дозволено да влезат во забранетата област. Таму успеал да ја сними оваа вознемирувачка фотографија која прикажува човек кој бил дел од екипата за спасување која пристигнала прва по катастрофата, со што биле осудени на смрт. Кога прстигнале таму, преку врска рекле дека зрачењето има „метален вкус“ и дека чувствувале како игли им се забиваат во лицето.
3. Ликвидатори: Копај, копај, бегај...
 
Околу 600.000 луѓе кои подоцна биле наречени „ликвидатори“, во најголем дел војници, полицајци, вработени во јавниот сектор биле испратени по наредба на Москва да помогнат во гасење на пожарот и поставување на првиот саркофаг над уништениот реактор.
 
- Се уште се сеќавам на металениот вкус на усните додека се добличувавме кој Чернобил, - вели Игор Магала, еден од ликвидаторите.
 
- На почетокот немавме никакви информации, се беше строго доверливо. Мислевме дека одиме таму на една недела, но останавме цела година, - додал тој.
 
Најлошо поминале ликвидаторите кои имале за задача да го исчистат покривот на реакторот број 3. Роботите кои биле испратени на локацијата не можеле правилно да работат, па по два дена биле испратени луѓе.
 
Терминот „биороботи“ го создала војската, а тие работници биле ограничени на 40 секунди изложување на зрачење, затоа што радиоактивноста таму била 100 пати појака од дозата која се сметале за безбедни, па затоа и голем број починале веднаш по излегувањето. Оваа фотографија на Костин го покажува тоа.
4. Напуштени
 
Голем број жители кои живееле во близина на Чернобил не биле известени за катастрофата неколку дена по настанот. И додека тие биле на местото кога започнал ужасот, советските власти молчеле во традиција да не зборуваат за несреќи кои можат да им наштетат на угледот на советските супер сили за време на Студената војна. Дури следното попладне биле евакуирани 48 илјадижители од Припјат, град кој бил изграден за вработените во нуклеарната централа и нивните семејства. На 28 април шведската јавност ги алармирала своите граѓани, откривајќи големо необјаснето зголемување на радијација над нивната земја. Откако се дознало за несреќата, Советите преместиле 116000 луѓе во зона од околу 30 километри околу нуклеарната централа. Во следните години, иста судбина ги погодила уште 230 00 жители. Ова фотографија на Костин покажува како еден од ликвидаторите турка количка со бебе чии родители починале, а тоа било оставено.
5. Отпад
 
Ѓубрето и пепелта од Чернобил се раширил илјадници километри надвор од Украина, а на оваа фотографија отпадот го документирал Роберт Дел Тредичи. Било проценето дека Чернобил создал 400 пати поголем облак во атмосферата од атомската бомба во Хирошима. Дури 80 проценти од населението во Шведска било покриено со радиоактивен облак.