Џет-Сет
1. February 2018 - 22:05

Вистинска љубов постои: Борко Ристовски се ожени со саканата Нина која го носи нивното прво дете

Борко Ристовски се ожени со девојката која го носи неговото прво дете. Голманот на македонската ракометна репрезентација со фотографија објави дека стапи во брак со Николина, која ја зароси пред речиси еден месец.

Свеченоста се одржа во ресотранот Уранија во центарот на Скопје.

Борко и Нина за кратко време ќе се радуваат на доаѓањето на овој свет на нивното синче, кое ќе го носи името на покојниот татко на Борко, Душан.

„Сега и официјално женет човек. Николина не само што е прекрасна туку има срце и душа со кое ме „купи" за цел живот. Среќен што си во мојот живот" – напиша Борко.