Виртуелен состанок на министрите за култура под покровителство на УНЕСКО

Министерот за култура Хусни Исмаили денеска учествуваше на првиот виртуелен состанок на министрите за култура кој го организираше УНЕСКО за земјите членки, посветен на влијанието на здравствената криза предизвикана од пандемијата на вирусот КОВИД-19 врз културниот сектор.
На виртуелниот состанок, кој е продолжение на Форумот на министри за култура одржан на 19 ноември 2019 година, министрите информираа за мерките што се иницираат или се преземаат во рамките на нивните национални политики и разменија мислења во врска со идните чекори што треба да се преземат на регионално и на меѓународно ниво во насока на надминување на последиците од кризата.
– Министерот Исмаили на состанокот информираше за актуелните предизвици со кои се соочува Министерството за култура при имплементацијата на мерките и уредбите усвоени од страна на Владата и на Министерството за здравство во услови на вонредна состојба во нашата земја. Од тие причини, истакна тој, од особено значење е континуитетот на соработката и солидарноста меѓу земјите, како и поддршката на УНЕСКО во насока на размена на искуства, соопшти Министерството за култура.
Министерството наведува дека целта на виртуелниот состанок во организација на УНЕСКО е да се овозможи воспоставување платформа за редовен дијалог со министрите за култура, во насока на иницирање заедничка рефлексија за влијанието на здравствената криза врз културниот сектор на глобално ниво, да се идентификуваат економските и социјалните последици врз културниот сектор во целина, како и заложбата за мобилизација на властите и на меѓународната заедница во насока на поддршка на културниот сектор.
-Состанокот е од особено значење поради можноста за размена на искуства меѓу првите засегнати земји од пандемијата и државите каде што кризата сè уште се развива, а со цел воведување мерки за превенција, како и мерки со кои преку прелиминарни проценки на состојбата во културата и во културниот сектор на национално ниво би се ублажило влијанието од кризата. Исто така, овој состанокот отвори можност за дијалог во врска со мерките што треба се преземат во иднина, а со цел да се донесат препораки со кои би се ублажило влијанието на здравствената криза врз културниот сектор на краток, среден и долг рок, информира Министерството.
Министрите за култура на состанокот потенцираа дека пандемијата од вирусот КОВИД-19 уште еднаш потсетува дека културата е од суштинско значење за општествениот развој и претставува вектор на еластичност и развој на човекот од социјален и економски аспект. Од тие причини, се согласија министрите, културата неминовно треба да биде интегрирана во рамките на владините политики и да го даде својот придонес во надминувањето на оваа невидена криза.
Ново на Сител
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Основците по неколку часа на ден гледаат содржини на телефон, до осмо одделение речиси престануваат да читаат книги
-

„Онкологија“: Вештакот од Србија укажува на пропусти во лекувањето и недоволно следење на пациентите
-

Случај „Ивана и Катја“: Стојанче барал 30.000 евра за да се повлече од станот, сведочеше братот на Ивана
-

Иран погуби младо момче кое учествувало во антивладините протести
-

Почнува примената на новиот возен ред на ЈСП „Скопје“ за дел од автобуските линии во главниот град
-

Савески: Одлуката за отповикување на овластувањата на обвинителката Ристоска не беше персонална, туку е од организациска природа
-

МФ: Извршен поврат на солидарен данок од 1,219 милијарди денари кон 119 компании
