Фудбал
18. May 2023 - 8:53

Винисиус би можел да остане во Реал Мадрид до крајот на кариерата

Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор би можел да остане во клубот до крајот на својата професионална кариера. Според „Дејли Мирор“, вакво мислење го искажал агентот на бразилскиот играч и покрај информациите за негов трансфер во Премиер лигата. 

Претходно, тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти зборуваше за односот кон Винисиус од навивачите и играчите. 

Дваесет и двегодишниот напаѓач настапува за Реал Мадрид од летото 2018 година. Договорот е до летото 2024 година. Оваа сезона има 52 настапи за клубот во сите натпреварувања, постигнувајќи 23 гола и 21 асистенција.