Македонија
24. July 2023 - 14:50

Кривична пријава против скопјанец за фалсификување возачка дозвола

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.А.(44) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

Пријавениот набавил фалсификувана македонска возачка дозвола за управување со моторни возила од категоријата „Б“ и ја приложил како вистинита заради замена кај надлежните институции во Италија.