-->
-->
Викендов во Штип празник за љубителите на пинг-понгот
-->
Претстои убав викенд за љубителите на пинг-понг возбудувањата. На 03-04 Март во Штип ќе се одржи државното поединечно првенство за сениори и сениорки по 26ти пат. Натпреварите ќе започнат во 10:30 часот во спортската сала ,,Јордан Мијалков``. На првенството имаат право да настапат сите Сениори/ки, Младинци/ки како и првите осум пионери/ки од ранг листата на ППФМ. Преку 100 учесници ќе се натпреваруваат во пет главни категории: поединечо сениори, поединечно сениорки, двојки сениори, двојки сениорки и мешани двојки од кои победниците во сите дисциплини се стекнуваат со титула државен првак на Р. Македонија за 2018 година.
Пинг Понгот е повеќе од игра. Во параболата на пластичното топче се кријат вештините на големите мајстори на овој спорт кај нас, а со гордост можеме да кажеме дека и младите во голем број веќе покажуваат огромни почетни таленти. „Ве покануваме да ги следите во живо натпреварите од државното првенство и да помогнеме за афирмација на овој спорт во пошироки рамки“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Андоновски: Со или без балансер правична застапност треба да има
-
Филипче: Власта има обврска да сподели информации
-
Наскоро нови 500 милиони евра од Унгарија
-
ДКСК: Синот на Мицкоски сам си платил за престојот во САД
-
Раскинат договорот со фирмата која ги хранеше војниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Аналитичари: Ако се укине балансерот, можни се турбуленции во политиката
-
Мајка и ќерка пронајдени мртви во тетовско Слатино