Ристовски за првите 100 дена: Почнавме санација на спортската инфраструктура, обезбедивме финансиска поддршка за спортистите
Министерот за спорт, Борко Ристовски е задоволен од сработеното во првите 100 дена од новата Влада.
– Македонија по 20 години доби Министерство за спорт. Конечно спорт го доби местото и вниманието што го заслужува. Овие 100 дена активно работевме на подобрување на спортската инфраструктура, обезбедување финансиска поддршка за спортските организации и поттикнување на младите да се занимаваат со спорт, рече Ристовски на денешната прес-конференција по повод 100 дена нова Влада.
Ристовски се осврна и на состојбата во спортот која тој и неговиот тим ја затекнаа по неговото назначување.
– Не почнуваме од нула, туку од минус два. Затекнавме нефункционална институција со покренато обвинение за корупција за работата на досегашната Агенција за млади и спорт. Потрошени се милиони државни пари без конкретни резултати. Затекнавме руинирани спортски сали, почнати и недовршени проекти, објекти без елементарни услови за спортски активности, рече меѓу другото Ристовски.
Темелната реконструкција на спортска инфраструктура е основа за нормалното функционирање на спорт и затоа до крајот на годинава Министерството за спорт обезбеди 35 милиони денари, посочи министерот.
Ќе се реновира салата „Расадник, салата во Радовиш, салата во Ново Село, фудбалското игралиште во Тетово, ќе с егради нова атлетска патека, ќе се гради спортска сала во Воената Академија и ќе се санираат 15-20 мултифункционални игралишта.
Покрај подобрување на инфраструктурата, Ристовски кажа дека во 100 дена акцент е ставен и на финансиската поддршка за спортистите.
– Овозможивме значителна финансиска поддршка за спортистите, клубовите и федерациите. Ова помош е клучна за континуитетот на делување и учество на меѓународни натпревари. За поддршка на врвниот спорт обезбедивме и исплативме 83 милиони денари за клубовите и федерациите кои учествуваат на меѓународната сцена, додаде Ристовски.
Исто така, министерот информира дека се обезбедени 550 милиони денари за државните субвенции кои не беа исплатени од АМС во вид на ваучери.
– Ќе финансираме конкретни програми и ќе бараме конкретни резултати со отчет како се потрошени парите. До крајот на годината ќе бидат поделени дополнителни 85 милиони денари за поддршка на женскиот спорт, за индивидуални спортисти и за рекреативниот спорт, потенцира Ристовски.
Министерството за спорт се вклучи и во финансирање на Охридскиот пливачки маратон, Скопскиот атлетски маратон и Европската недела на спортот.
– Сите наши иницијативи вклучувајќи ја и распределбата на државната помош, ќе бидат спроведени со целосна транспарентност. Како заклучок на крај ќе кажам дека овие 100 дена се почеток на нашата мисија за унапредување на спортот во Македонија и да го промовирам нашето мото: Транспарентност, Етика, Интегритет, заврши Ристовски.
Ново на Сител
-
Руско МНР: Европа нема право да учествува во преговорите за Украина
-
Со инвестиција од над една милијарда евра во енергетиката во земјава влегува турската групација „Казанчи Холдинг“
-
Во Белград протест на просветните работници, а студентите од различни градови пешки тргнаа кон Ниш
-
Со помош на изработен лажен клуч, две лица провалиле во стан во Скопје и одзеле 250 евра и накит
-
Кремљ го прифати извинувањето на Вучиќ за гласањето за резолуцијата во ОН
-
Две заторенички физички се пресметале во КП Идризово, едната се здобила со тешки телесни повреди
-
Пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ за четворица струмичани од Комуналец
-
Таравари најавува законски измени за департизација на здравството