Видовит Русин ги погоди точните резултати од досега одиграните мечеви: Открива и кој ќе победи на Мундијалот, нема да верувате
Рускиот музичар Игор Данилов, случајно или не, предвиде дека Русија ќе ја победи Саудиска Арабија и Египет, но и точните резултати. Затоа Русите го следат неговиот Твитер налог и бараат нови одговори.
И не само тоа, се кладат во склад на тоа што ќе објави „Јин Дагон“, како што тој се потпишува на Твитер.
Ден пред отворањето на Мундијалот, за руската екипа која нижеше порази и беше далеку од нокаут фазата, напиша: Можете ли да замислите да ја победиме Саудиска Арабија со 5:0, а потоа и Египет со 3:1? А потоа во последна минута да ја земеме победата над Уругвај? Ако можете, тогаш имате ведар карактер!
И двата резултати излегоа на виделина. Дали Игор е видовит или само позитивец, се прашуваат Русите.
Сепак се кладат по неговите прогнози. А сега е прашање што виде понатаму?
Се чини дека е токму позитивец, зошто објави фотографија на рускиот тим на светскиот трон. Па сега... кој знае, можни се чуда!
Ново на Сител
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
СДСМ обвинува за селективна правда за Кочани
-
ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
Кои производи ќе бидат дел од просечната потрошувачка кошничка?
-
Вистинските пчелари во акција против фалсификаторите на мед
-
Охридското езеро во еколошка криза
-
Преглед на вестите од светот