Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности

Редовното вежбање е корисно за физичкото здравје, а експертите нагласуваат дека може значително да придонесе и за подобрување на здравјето на мозокот.
Според неодамнешно истражување објавено во научното списание „Нејчер невросајенс“ (Nature Neuroscience), дури и едноставните движења на телото, како што е затегнувањето на стомачните мускули може позитивно да влијае врз функцијата и здравјето на мозокот. Експертите објаснуваат дека при секое движење на телото, дури и кога станува збор за многу суптилни движења, стомачните мускули создаваат промени во притисокот, што предизвикуваат нежно придвижување на мозокот.
- Ова е важно затоа што се чини дека движењето помага во циркулацијата на цереброспиналната течност која ги опкружува мозокот и ’рбетниот мозок. Истражувачите веруваат дека ваквото влијание врз ’рбетниот мозок може да му помогне на мозокот поефикасно да ги отстранува отпадните материи кои, доколку се наталожат, би можеле да придонесат за развој на невродегенеративни заболувања, изјави неврологот Давид Перлматер.
Освен што придонесува за подобра циркулација и функционирање на мозокот, вежбањето ја поттикнува и продукцијата на невротрансмитерите серотонин, допамин и норепинефрин. Овие хемиски супстанции имаат клучна улога во одржувањето на концентрацијата, подобрувањето на вниманието и регулирањето на расположението.
Меѓу другото, редовната физичка активност може да помогне во намалување на нивото на стрес, подобрување на когнитивните способности и зачувување на менталното здравје. Според експертите, дури и умереното и редовно движење може да донесе значајни придобивки за мозочната функција и да придонесе за подобар квалитет на живот.
МИА
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
