Весна Кираџиева кандидат за градоначалник на Аеродром од Левица
Политичката партија Левица вчера го објави својот кандидат за градоначалник на Општина Аеродром – Весна Кираџиева. Кираџиева е атлетска репрезентативка на Македонија повеќе од 20 години, поранешна рекордерка и шесткратна шампионка на Македонија во маратон. Дипломиран криминалист на Факултетот за безбедност. Претседателка и тренерка на АК „Индјуренс“. Менаџер на социјални мрежи (Social media manager), дел од организациониот тим на „Виз Ер Скопски Маратон“, „Авицена Женска трка“, „Халк Еко Скопје Трча“. Поранешен волонтер во Центар за оспособување на деца со посебни потреби „Јанез Левец“ во Љубљана (Словенија).
Нејзината борба е насочена кон: чесна и некорумпирана работа; градење на мерит систем на база на квалитет и стручност, а против окупирање на институциите по основ на партиска, политичка, расна, национална или било каква друга определба; разумен урбанизам и стопирање на узурпирањето на просторот од урбаната мафија; афирмација на руралниот дел/населби во општината; еднакви можности за жените како дел од популацијата и унапредување на условите за живот на лицата (и децата) со посебни потреби.
Ново на Сител
-
Андоновски: До јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија
-
Трамп: Нуклеарното оружје е монструм што може да доведе до крај на светот
-
Поради сообраќајка на патот Ресен - Битола возилата се пренасочуваат по стариот пат
-
Израел ќе престане да испорачува струја за Појасот Газа
-
Во Албанија се очекува дијаспората да има влијание на изборите на 11 мај, за гласање регистрирани 246 илјади албански граѓани во странство
-
Мицкоски: „Никогаш повеќе“ не е само фраза, тоа е залог
-
Се запалил автомобил на Бит Пазар, нема повредени
-
20-годишен скопјанец нападнат по недоразбирање во сообраќајот