Верувале или не најдобриот Мерцедес се произведува во Кина
Пекинг Бенз Аутомотив во Кина освои награда за Фабрика на годината, која ја доделува "Produktion", германско специјализирано списание поврзано со темите на индустријата.
Со тоа всушност и практично е докажана Дајмлеровата глобална стандардизација за квалитет на производство, според која Мерцедес мора да биде Мерцедес без оглед на потеклото и адресата на купувачот.
Пекинг Бенз Аутомотив наградата ја освоил во категорија "Excellent Large Series Assembly", а најголем дел од заслугата оди на сметка на имплементаијата на нови методи за анализа и квалитет на производството преку реално време и хеуристички принцип на одлучување, во согласност со ригорозните стандарди на произодството на Дајмлер.
Пекинг Бенз Аутомотив е основан 2003 година, а фабриката за автомобили е отворена во 2005 година, од 2013 година има проширен асортиман.
Две третини од капацитетот се резервирани за кинескиот пазар, додека остатокот е наменет за извоз. Фабриката во ноември минатата година го произвела милионитото возило, а заблагодарувајќи се на новата инвестиција од пола милијарда евра наскоро додатно ќе ги прошири капацитетите.
Оваа година ќе почнат да го произведуваат и компактниот "SUV" модел "Mercedes GLA".
Ново на Сител
-
Во Прилеп се оддржа „Палачинкијада“ и се прогласи првенци на генерација
-
Преглед на вестите од светот
-
ЗНАМ ги соопшти имињата на новите министри
-
Tема на денот со Кирил Барбареев, универзитетски професор
-
Милошоски, Бендевска и Митрески избрани за потпретседатели на Собранието
-
Факултетот на Мерко се уште нема акредитација, а веќе се објавени условите за упис
-
Двојно убиство во Кратово: Жена ги избодела сопругот и свекорот
-
Лога: Уште сум против работата на Судски, ама разрешување не е решение