Loading Video...
Фудбал
9. February 2020 - 16:59

Верона со пресврт го победи Јувентус

Лидерот на табелата во Серија А, Јувентус го претрпе третиот пораз сезонава. Иако со голот на Кристијано Роналдо постигнат во 65.минута Јувентус имаше предност од 1:0 на гостувањето кај Верона, се домаќините беа оние кои на крајот се радуваат. 
 
Со головите на Борини (76.минута) и Пацини (86) од пенал Верона славеше победа со 2:1 со која се зацврсти на шестото место на табелата во борба за излез на европската сцена