Венио Лосерт е нов член на стручниот штаб на Вардар
Членот на златната генерација на хрватската ракометна репрезентација, Венио Лосерт (45) во иднина ќе биде нов член на стручниот штаб на Вардар. Тој ќе биде задолжен за работата со голманите. Во скопските „црвено-црни“ доаѓа на местото на Александар Рогановиќ кој заминува поради здравствени проблеми.
Лосерт во моментов работи како тренер на голманите во репрезентацијата на Египет. Со оглед на тоа што Африканското првенство е закажано за подоцна, Лосерт доби дозвола на Египет да може во овој период да работи со клуб, и ќе му се приклучи на Давид Дејвис. Тие двајцата неколку месеци работеа заедно со репрезентацијата на Египет пред Дејвис да замине за Веспрем.
Како тренер на голмани работеше и во Веспрем во 2016 година, а тогаш беше и тренер на голманите на младинските селекции на Хрватска и на сениорскиот тим.
Во богатата играчка кариера Лосерт има настапувано за екипите на Загреб, Сарагоса, Тека Сантандер, Грањолерс, Портланд Сан Антонио, Кангас, Барселона, Кретеј, Адемар Леон, Копенхаген, Кјелце и Монпелје.
Со Загреб четирпати играше во финалето на тогашниот КЕШ (1995, 1997, 1998 и 1999), со Кјелце настапи на нивниот прв Ф4 во Келн, со Барселона и Портланд ги освојуваше Асобал лигата, Кралскиот куп, супер купот на Асобал…
Вардар ги почнува подготовките за пролетниот дел од сезоната на 10 јануари, и остануваат да се одиграат уште четири натпревари од ЛШ. Остануваат уште шест кола од регуларниот дел на сезоната во македонското првенство, а треба да почнат и натпреварите во регионалната СЕХА лигата.
Ново на Сител
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Дигитална трансформација на јавните комунални претпријатија
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Агелер: Нема репреговарање на Договорот од Преспа и напредокот кон ЕУ
-
Детектор: Македонските граѓани сакаат членство во ЕУ, но не по цена на Бугари во Уставот
-
Бугарија задоволна од пописот во Албанија, Грција бара почитување на малцинствата