Дигитална трансформација на јавните комунални претпријатија
Дигиталната трансформација на ЈКП- ја е процес кој овозможува прибирање на податоци, врз основа на кои менаџерските тимови носат правилни и информирани одлуки. Овие податоци се однесуваат на целиот водоснабдителен систем и системот за собирање и третман на комуналните и атмосферските води.
- Дигитализацијата треба да биде присутна од изворите, собирање, третман и дистрибуција до крајните корисници, изјави Јован Кузмановски, ЈКП „Водовод“- Битола
Во македонските комунални претпријатија, дигитализацијата е во различни развојни фази. Во едни се уште не е започната, во други е на основно ниво, а во трети е во напредна фаза. За унифицирање на процесот во сите комунални претпријатија, од клучно значење е имплементацијата на националната стратегија, со што ќе се подобри нивото на услуги кон крајните корисници.
- За да можат ЈКП- ја да ги понудат, мора да се изврши измени во законската регулатива за комуналните дејности. АДКОМ, како здружение на даватели на комунални услуги сериозно ја сфати оваа работа и интензивно работи на обуки на своите членови, се со цел, со заеднички сили сите јавни комунални претпријатија да изготват предлози и насоки за законско регулирање и имплеметирање, со тоа што ќе бидат опфатени сите ЈКП-ја во спроведувањето на дигитализацијата и ќе отпочне и ќе се одвива во сите ЈКП-ја еднакво, изјави Марија Валакова, ЈП „Плаваја“- Радовиш
Работната група за дигитализација на АДКОМ ја чинат претставници на надлежните министерства, инспекторати, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, Агенцијата за катастар на недвижности и ЗЕЛС и секој во својата област треба да даде придонес во изнаоѓање на ефективно и ефикасно решение.
- Покрај контролната функција, Државниот комунален инспекторат има и едукативна функција. Тоа значи дека преку нашите кадри, нашите ресурси, можеме да помогнеме во просесот на дигитална трансформација на комуналните претпријатија, изјави Ненад Станоев, Државен комунален инпекторат
Крајната цел на дигиталната трансформација е намалување на оперативните трошоци, зголемување на приходите и поквалитетна услуга за граѓаните.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар