-->
-->
Венгер и Мурињо пак си го „бараат“ своето?!
-->

Арсенал загуби од Челзи на „Стенфорд Бриџ“ со 2:0, во дерби мечот од шестото коло во Премиерлигата, а клучен момент на мечот се случи во финишот на првиот дел кога дефанзивецот на ‘топџиите’ Габриел Паулиста наседна на провокациите на Диего Коста поради што доби црвен картон.
„Неколку секунди пред да дојде до вербалниот дуел на Коста и Габриел, Диего Коста го удри по лицето Кошчелни. Потоа се случи тоа што се случи. Коста, срамно, се извлече со жолт картон, а Габриел беше исклучен. Не ми е јасен критериумот на судијата Мајк Дин. Коста константно провоцира и тоа ќе го прави и во иднина“, рекол по мечот менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер.
За разлика од менаџерот на ‘топџиите’, стратегот на Челзи, Жозе Мурињо, не видел ништо спорно на дербито.
„За мене на овој меч немаше ништо спорно. Натпреварот има многу фази: технички, емотивни и физички. Секако дека е многу полесно да се игра со играч повеќе, но исто така нормално е подобриот да победи, а ние бевме доминантни во текот на целиот натпревар. Мислам дека 15 или 16 пати за противник сум го имал тимот на Арсенал и само еднаш тие не плачеа. Зошто? Поради тоа што тогаш победија“, рекол Португалецот на клупата на Челзи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
-

ДСЗИ побара стручна комисија да испита дали починатото новороденче на ГАК било соодветно лекувано
