Македонија
30. May 2024 - 14:14

Велосипедист удрил дете и избегал, девојчето тешко повредено

Вчера во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Серава“ во Скопје, велосипедист удрил во пешак-малолетничка, по што го напуштил местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.