Вели: Мислам дека Абази може да одговори на предизвикот – неговиот избор не беше политички
Не можам да тврдам дека изборот на Абази е политички, вели за Детектор Елвин Вели, Претседател на Здружението на обвинители.
Според него, постапката на избор е добра иако има недостатоци на кои што треба да се поработи. За Абази рече дека мисли дека тој може да одговори на предизвикот.
„Не можам да тврдам дека изборот на шефот на Организиран криминал, сега не сакам да бидам негов адвокат, е политички избор, бидејќи ние сме малку, 160 обвинители сме, повеќето се познавме меѓу себе. Лично сметам дека истиот може да одговори на предизвикот а дали, ќе видиме во текот на работата“ – потенцира Вели за Детектор.
Според него, начинот на кој што беше избран Абази е добар иако би можело да се поработи во делот на биографиите на кандидатите како и нивно претставување пред колегите кои ги гласаат.
Ново на Сител
-
Сиљановска отповика седум амбасадори, за назначување нови нема ниту почната постапка
-
Хајрулахи: Кривичната и оддалечувањето од работното место не се поради мобинг
-
Таравари формираше комисија за стручен надзор за смртта на 5 годишното девојче кое почина на детска
-
Во Скопје и денеска воздухот опасен по здравје, владата најави решение за аерозагадувањето
-
Мицкоски: Ако има поскапување на струјата, тоа ќе биде до 3%
-
Македонците онлајн пазарат од македонски продавници, главно облека
-
Преглед на вестите од светот
-
Тензична собраниска седница за надзор на работата врз АНБ