Велешкиот театар со „Синиот портокал“ гостува во Софија
Театарот „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ од Велес со претставата „Синиот портокал“ од Џо Пенхол во режија на Александар Ивановски денеска ќе гостува во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.
„Синиот портокал“ е драма за современата психијатрија, за застарените методи на лекување и беспомошноста на докторите да ги лекуваат пациентите без седативи.
- Во време на глобализација, кога сакаме да ги надминеме табуата за разликата во бојата на кожата, националноста и културните наследства кои ги носиме во себе, оваа претставата топло ја брани неправдата која ја нанесуваме некогаш преку негативна, а некогаш преку позитивна дискриминација, наведува Велешкиот театар.
Драматург на претставата е Катерина Момева, сценографијата е на Филип Коруновски, а автор на музиката Сашко Костов. Настапуваат актерите Фаик Мефаилоски, Самоил Стојановски и Жарко Спасовски.
„Синиот портокал“ е трета продукција на Велешкиот театар за 2017 година и со над 30 изведби досега е една од најизведуваните претстави.
Ново на Сител
-
Бензините поевтинуваат од полноќ
-
СПМ: Најавата за реформа на даночниот систем во услови на повеќеслојна криза е несоодветна
-
Денеска треба да биде познато дали во земјава има случај заразен со мајмунски сипаници
-
Тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Струга-Дебар
-
Тешко повредени две лица при судар на „голф“ и мотоцикл
-
Деновиве врнежи над 30 литри на квадратен метар, од понеделник стабилизирање на времето
-
МЗШВ: Се воведува забрана за извоз на семе од сончоглед
-
РКЕ ќе носи нова одлука за цените на горивата